Фанарли
Фанарли (грчки: Τριπόταμος, Трипотамос, до 1927 Φαναρλή, Фанарли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 23 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 581 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фанарли се состоело од 7 семејства и 18 жители муслимани[3] По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 137 жители, додека во 1920 година 95 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1926 година, селото било преименувано во Трипотамос.[5] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 85 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 135 жители. Селото во пописот од 1951 година поради Грчката граѓанска војна било напуштено, на пописот од 1961 година, во селото живееле 75 жители, во 1971 година имало 24 жители, во 1981 година имало 14 жители, додека во 1991 година имало 18 жител[7]. Денеска, населението на селото е 23 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia