Шипковско Теќе
Шипковско Теќе (наречено и Шипково Теќе или Шипковечко Теќе) — поранешно село во Општина Тетово. Шипковското Теќе се наоѓало десно од денешното село Шипковица. Селото е иселено и се смета за историско. Административно и катастарски, селото е една целина со селото Шипковица. Географија и местоположбаСелото се наоѓало на Шар Планина, на околу 780 метри надморска височина. Шипковското Теќе е дел од географскиот регион Долен Полог, во близина на течението на реката Пена. Атарот на Шипковското Теќе денес е под атарот на Шипковица. ИсторијаСелото било основано околу едно бектешко теќе, кое било дел од тетовското теќе. Според верувањата, основано е Куен-баба, каде и умрел. Теќето било составено од една мала куќа, каде се наоѓа гробот на основачот. Според едни испитувања во 1948 година, селото имало 3 куќи. Луѓето биле муслимани познати како Ибраимовци. Луѓето дошле од Дебар. Во 1948 во близина на селото било изградено детско летувалиште.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia