Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Билковци (4 к.) они се староседелци. Најпрво биле православни, па потоа се исламизирале и поалбанчиле. Селаните од селото Лавце знаат дека они скришно збореле македонски, и се крстеле.
Горно маало
Тоше (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Овде се доселил основачот на родот Бектеш. Го знаат следното родословие: Реџеп (жив на 65 г. во 1948 година) Бејтула-Џелил-Шабан-Бектеш, кој се доселил во селото.
Дилак (23 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле во XVIII век, се доселил предокот Адил.
Фаризе маало
Адилалар (15 к.) и Маналар (15 к.) потекнуваат од двајца браќа, Адил и Исман, нивниот татко се викал Фариз, по што е и добиено името на маалото. Доселени се од северна Албанија.
Арнор маало
Лапушалар (14 к.), Села (13 к.) и Јапалака (8 к.) доселени се од селото Арни кај Мирдита во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век
Фанде маало
Фанде (5 к.) доселени се од областа Фанде во северна Албанија. Овде живеат од пред околу 220 години. Имаат истоимени роднини во селото Шипковица.
Од старите православни родови кои живееле во селото се знае за родот Таварџијинци или Тетовјанци (21 к.) кои се иселиле во селото Селечка кај Тимок во Србија.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“