Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 4 километри северно од Тетово.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 110 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[2]
Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 20 немуслимански семејства.
Порој е село со незначителни промени во бројот на население. Така, во 1961 година имало 1.527 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 2.443 жители, албанско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.899 жители, од кои 2.894 Албанци, 2 Македонци и 3 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.653 жители, од кои 2 Македонци, 2.558 Албанци, 1 Бошњак и 92 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[11]
Порој е албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:
Гопере (14 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Доселени се пред околу 270 години. Имаат роднини во селото Теарце. куќите им се во горно маало.
Чарлије (43 к.) доселени се од некое место Чар во северна Албанија. Можеби се однесува на селото Чаја во Љума. Куќите им се во горно маало. Го знаат следното родословие: Авзи (жив во 1946 година) - Сулејман - Имер - Куртиш - Ајваз, основачот на родот, кој се доселил.
Џивга (21 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
Микеле (12 к.) доселени се од северна Албанија. Жителите на овој род имаат потемна боја на кожата, и затоа другите жители на селото ги нарекуваат Цигани. Куќите им се во долно маало. Имаат роднини во скопското село Глумово.
Синане (21 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
Курте (15 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
Зочва (9 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
Чарлије (7 к.) куќите им се во горно маало. Некогаш чинеле еден род со другите Чарлије во селото.[12]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2000, 2000/1, 2001 и 2002 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
Даут Реџепи (1966 - ) - македонски политичар, пратеник на ДПА
Култура и спорт
Иселеништво
Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Дамјаноски се иселени во селото Жилче. Шурновци или Поројчани се иселени во селото Отуње. Трпчевци живееле во Отуње, таму биле доселени од Порој, потоа некои изумреле, а други се преселиле во Скопје. Пројчеви се иселиле во селото Готовуша кај Сириниќ, близу Призрен во Косово.[12]
↑ 4,04,1Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“