Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.
Историја
Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише.[2] Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје.[2] Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од Кичевско. Се делат на Трпевци,Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 70 г. во 1940-тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Го знаат следното родословие: Ѓорче (жив на 40 г. во 1940-тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од Велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од Битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече.
Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.[2]
↑ 2,02,12,22,3Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 430.
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.367
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“