Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Вич со 70 семејства, 2 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[2]*Масакрот кај Вејце - На 28 април2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.[3]
Стопанство
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
506
—
1953
532
+5.1%
1961
641
+20.5%
1971
765
+19.3%
1981
916
+19.7%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
381
—
2002
1.127
+195.8%
2021
848
−24.8%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.127 жители, од кои 1 Македонец, 1.114 Албанци и 12 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 848 жители, од кои 2 Македонци, 804 Албанци и лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Албанизирани родови:Укалар (3 к.), Адилалар (3 к.), Мусас (2 к.), Бучки (3 к.), Џаке (1 к.), Ушка (9 к.), Демиролар (3 к.) и Торбе (10 к.) порано зборувале македонски. но мешајќи се со Албанците се албанизирале. Доселени се од Љубиње, кај Средска и други блиски места во Косово.
Албански родови: Јерли или Османолар (16 к.), Ќаче (6 к.), Меица (6 к.), Поте или Поталар (19 к.), Топојан (2 к.), Велија или Оџа (2 к.) и Пече (1 к.) сите се доселени од разни места во северна Албанија.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1995 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
Мурат Бафтијари (1918 - 19 септември 1944) - македонски партизан;
Хисен Џемаили (р. 9 февруари 1976) - македонски политичар, пратеник во Македонското собрание и поранешен командант на ОНА, обвинуван за учество во терористички акции;[14][15]
Култура и спорт
Иселеништво
Пред да биде албанско селото, тоа било македонско православно. Сега се знае за православни иселеници во Призрен, Косово. Од муслиманите иселеници има во Тетово, Турција.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“