Једоарце се наоѓа 6 километри северно од Тетово, на падините на Шар Планина.
Историја
Според турски документи од 1628 година село Једоарце се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 семејства (ханиња).[2]
Населено е пред повеќе од 350 години, а во неговата околина има траги на уште постаро село кое се викало Ѓиновце.
Според усните преданија жители во Једоарце (родот Календаровци) се доселиле од местото Калис во Грција, што е многу неверојатно, бидејќи македонските места во тие краишта немале грчка топонимија сè до нивното вештачко преименување од грчките власти по припојувањето на Егејска Македонија во XX век. Тоа биле припадници на словенско племе кои одејќи од север кон југ стасале до Солунското Поле. Потоа, бегајќи од летните горештини, доаѓале со своите стада овци на падините на Шар Планина. Наесен, тие повторно се враќале назад. Најпрвин доаѓале секоја година со стадата овци, а подоцна и постојано се доселиле. Така настанале и соседните села Сетоле и Отуње.
↑Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 23.