Википедија:Не ја нарушувајте Википедија за да илустрирате поентаКога поединецот станува исфрустриран поради начинот на кој се применува некое начело или напатствие, може да се обиде да го дискредитира истото преку толкување на правилото од сопствена гледна точка. Понекогаш, ова се прави само за да се илустрира поента во спор за содржина на статија. Во друг случај, може да се случи едно начело да се толкува на непопуларен начин, со цел неговото значење да биде искривоколчено. Можноста за такво однесување не е ограничена само на статиите; може да се случи и на огласните табли, при дискусија за бришење на статија, итн. Побарајте помош од администратор само онаму каде сте сигурни дека корисникот го крши ова правило. Ваквите тактики се многу штетни и може да доведат до блокирање или банирање на корисничката сметка. Ако сметате дека некое начело е проблематично, споделете го вашето мислење на соодветната разговорна страница. Ако едноставно не се согласувате со нечие уредување на конкретна статија, дискутирајте го тоа на разговорната страница на таа статија. Ако диретната дискусија не вроди со плод и сѐ уште не можете да го разрешите несогласувањето, погледајте ја страницата за разрешување спорови. Практиката покажала дека е невозможно Википедија да биде 100% во право, па оттаму нејзините правила никогаш нема да бидат совршени. Ако постои консензус кој строго се коси со вашите лични ставови, пожелно е да го почитувате мислењето на мнозинството отколку да се обидете да го занемарите преку нечесни игри. Важна напомена: Често користена кратенка до овде е ВП:ПОЕНТА. Треба да се има на ум, ако некој се обидува докаже поента, тоа автоматски не значи дека тој ја нарушува Википедија како би ја илустрирал истата. Примери1. Ако друг корисник номинира за бришење статија што сами сте ја уредувале, тогаш:
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia