Во текот на долгата историја забележано е по Брсјачката буна и Илинденското востание во кои настани велмешани активно учествувале. Во црквата Св. Илија било осветено востаничкото знаме за Демир Хисар за време на илинденското востание и учествувале многу мажи и жени.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велмевци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 139 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Велмевци е чисто македонско православно село. Старото село Велмевци пропаднало, па денешното село го имаат обновено доселеници од селото Велмеј, Дебрца, и таму имаат сродници. Овде се доселени средината на ХVIII век.[13][14]
Родови во селото се: Беговци (7 к.); Мирчевци (29 к.); Стевановци (24 к.); Исламовци (10 к.); Смилевци (10 к.); Шкрековци (14 к.); Трпковци (2 к.); сите доселени од селото Велмеј; Пејцовци (24 к.) доселени се од сега раселениот град Закамен, во Струшка Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци:Беговци (8 к.), Стевановци со Орманковци, Тумнтевци и Макевци или Маневци (20 к.), Даскаловци со Златановци (8 к.), Смилевци (10 к.), Куковци (2 к.), Шотевци со Миленковци (1 к.), Маркушковци (5 к.), Џивџаровци со Апостоловци (7 к.) и Столевци со Голевци и Крошнаровци (1 к.)
Поранешно основно училиште, кое престанало со работа во 1960-тите години[16]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Велмевци, се наоѓале и селата Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 658 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
„Св. Илија“ — изградена во 1838 година. Иконостасот е направен од Серафим од Тресонче, во 1873 година. Од тој период е и фрескоживописот, кој го има на целата површина во внатрешноста на црквата.
„Св. Богородица“ — постара од црквата „Св. Илија". Иконостасот е изработен во 1875 година од мијачки резбари.
Првата фудбалска екипа во селото било основана во 1909 година, многу години пред тоа да се случи во многу поголеми места и градови низ Македонија.
Во чест на првата фудбалска екипа, чешмата на сретсело има камена топка.[16]
Иселеништво
Ова село важело за печалбарско село, многу од населението се селело од селото во околните и подалечни држави и низ македонските градови, па така до 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (24 семејства), Битола (34 семејства), Ресен (7 семејства), Кичево (5 семејства), САД (4 семејства), Охрид (2 семејства), Демир Капија (1 семејство), Унгарија (1 семејство), Романија (4 семејства), Скопје (4 семејства), Штип (1 семејство) и во Прилеп (5 семејства).[15]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 21,021,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 22,022,1Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 23,023,123,2Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-16. Посетено на 2021-07-16.
Литература
Велмевци-предци и потомци, Д-р Никола В. Димитров. - Скопје, 2009