Алаборски Колиби

Алаборски Колиби
Αλαμποριανά Καλύβια
Алаборски Колиби is located in Грција
Алаборски Колиби
Алаборски Колиби
Местоположба во областа
Алаборски Колиби во рамките на Гида (општина)
Алаборски Колиби
Местоположба на Алаборски Колиби во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°34.2′N 22°29.3′E / 40.5700°N 22.4883°E / 40.5700; 22.4883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&100000000000000060000006 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Алаборски Колиби (грчки: Αλαμποριανά Καλύβια, до 1926 г. Καλύβια Αλαμπόρου[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.

Географија

Селото се наоѓало во областа Урумлак, на десниот јужен брег на Бистрица, спроти Голем Алабор на другиот брег. Лежело северно од Кипсели.[2]

Историја

Алаборските Колиби за првпат се спомнуваат како село во 1913 г. со 77 жители.[2] На пописот од 1920 г. во него е заведено 81 лице.[2] Во 1926 г. е преименувано од Каливија Алабору (Колиби на Алабор) во Алаборијана Каливия (Алаборски Колиби). Во 1928 г. населението се покачило на 91 жител.[2] Алаборски Колиби не се спомнува како одделно село на следниот попис од 1940 г. бидејќи станало дел од Кипсели.

Наводи

  1. „Διοικητικές Μεταβολές Ο.Τ.Α.“. Ελληνική Εταιρεία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης. Посетено на 20 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 14. ISBN 9989-9819-5-7.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya