Палеохори (Урумлак)За други истоимени места, погледајте Палеохори.
Палеохори (грчки: Παλαιοχώρι, книжевно: Παλαιοχώριον, Палеохорион; буквално Старо Село) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Денес, селото претставува дел од селото Љановер. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на четири километри источно од градот Гида и два километри западно од селото Љановер, на надморска височина од само 9 метри.[1] Сместено е во областа Урумлак, на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро. ИсторијаСелото уште од порано време било населено со грчко население.[1] По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палеохори претставувало мешана населба со 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители.[2] Со указ од 5 декември 1946 година, Палеохори била одвоено од општината Гида и заедно со Љановер ја создало самостојната општина Љановер. Селото повеќе не се појавувало како самостојна населба од 1961 година и е припоено кон Љановер.[3] СтопанствоНаселението произведувало многу памук, шеќерна репка и други земјоделски производи.[1] НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Палихор живееле 370 Грци христијани.[1][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палихор (Palihor) живееле 300 Грци и работело грчко училиште.[5] Со пописот од 1913 година било забележано со 252, а во 1920 година со 260 жители. Во 1928 година имало 349 жители, меѓу кои 18 бегалски семејства со вкупно 75 жители. Во 1940 година биле попишани 645, а во 1951 година 767 жители. Во подоцнежните пописи селото повеќе не се споменува, бидејќи се сметало како дел од соседното село Љановер, во чиј состав биле пресметани и жителите од ова село.[1] Самоуправа и политикаДенес, претставува дел од селото Љановер. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia