Палихор (Солунско)
Палихор (познато и како Мало Палихор или Палеохор; грчки: Παλαιόχωρα или Παλαιοχώρα) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на пет километри југоисточно од градот Гида, на помалку од два километри северно од реката Бистрица, на надморска височина од 10 метри.[2] Сместено е во областа Урумлак. ИсторијаПалихор уште од постаро време било населено со грчко население.[2] По Првата светска војна, во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палихор била мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 51 жител.[3] СтопанствоНаселението се занимава со земјоделство, а основни производи се памукот и шеќерната репка.[2] НаселениеВо пописот од 1913 година, селото било запишано со 103 жители, а во 1920 година со 173 жители, од кои 16 бегалски семејства со 51 жител, сместени тука од грчките власти непосредно по Балканските војни. Селото во 1928 година било попишано со 181, а во 1940 година со 188 жители. Според последните пописи, бројот на жителите се движел вака: во 1951 година 254, во 1961 година 243, во 1971 година 289, во 1981 година 274, а во 1991 година 282.[2] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 463 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 393 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Корифи, во кој покрај Палихор влегува и селото Корифи. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia