Ставрос (Урумлак)За други истоимени места, погледајте Ставрос.
Ставрос (грчки: Σταυρός) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на единаесет километри североисточно од градот Бер, а четиринаесет километри западно од градот Гида, крај самиот главен пат од Гида за Бер, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 14 квадратни километри. Сместено е во областа Урумлак. ИсторијаВо минатото, селото претставувала мала чифлигарска населба. Селото како и поголемиот број на села од областа Урумлак, од постаро време било населено со Грци.[2] По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Ставрос било мешано село со 27 грчки доселенички семејства со вкупно 130 жители.[3] Втор голем бран на доселување во селото, главно од грчки доселенички семејства, се случил по 1935 година, по извршените мелиорации и исушувањето на Ениџевардарското Блато. СтопанствоСтаврос е многу богато село, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат високи приноси. Населението произведува памук и шеќерна репка.[2] НаселениеСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ставрос, Берска каза, живееле 120 Грци христијани.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Ставрос (Stavros) живееле 45 Грци.[5] Селото со пописот од 1913 година е забележано со 154, а во 1920 година со 188 жители. По 1923 година биле населени 27 грчки доселенички семејства со вкупно 130 жители, така што селото во 1928 година, како мешана населба, пораснало на 277 жители. Населението покажало голем пораст по 1935 година, односно по исушувањето на Ениџевардарското Блато и по извршените мелиорации во ова подрачје. Поради ослободувањето на нови плодни обработливи површини тука биле населени и други, претежно грчки доселенички семејства. Така, селото во 1940 година покажало пораст, кога биле попишани 746 жители, во 1951 година имало 878, во 1961 година 1.114, во 1971 година 1.230, во 1981 година 1.339, а во 1991 година 1.529 жители.[2] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.498 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.229 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ставрос, во кој е единствено село. Општествени установи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia