Катафиги (Солунско)За други истоимени места, погледајте Катафиги (појаснување).
Катафиги (грчки: Καταφύγι , книжевно: Καταφύγιον, Катафигион) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓало на јужниот брег на некогашното Ениџевардарско Езеро, два километри североисточно од селото Ниси, во чиј атар и влегувало, на надморска височина од 3 метри.[1] Сместено е во областа Урумлак. ИсторијаСелото не било споменато од К’нчов и од Бранков, но најверојатно се работело за населба со грчко население.[1] Во 1912 година, Катафиги било гркојазично христијанско село. Било напуштено во 1920-тите години.[2] Неговите жители го напуштиле и се преселиле во соседното село Ниси. НаселениеНа пописот од 1913 година било забележано со 48, а во 1920 година само со 9 жители. Малку подоцна, селото целосно се распаднало, а неговите жители се преселиле во Ниси.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia