Калјани (Солунско)За други истоимени места, погледајте Калјани.
Калјани (грчки: Άλωρος, Алорос; до 1926 година: Κάλιανη, Калјани[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Денес, селото претставува составен дел од Клиди. Географија и местоположбаСелото е сместено во непосредна близина на реката Колудеј и на Солунскиот Залив, на надморска височина од 6 метри.[2] Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на 2 километри северно од селото Клиди. ИсторијаЗа време на Античка Македонија, се наоѓало во областа Ботиаја, на устието на Бистрица во Солунскиот Залив. Селото претставува родно место на регентот Птоломеј I. Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.[2] Во 1926 година, селото било преименувано во Алорон или Алорос (Άλωρος). Во 1949 година, Калјани и Клиди биле одвоени од општината Корифи и создале самостојна општина Клиди. Селото за последен пат се појавило во пребројувањата во 1971 година.[3] СтопанствоОсновни производи на жителите на селото биле памукот, шеќерната репка и пченицата.[2] НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Калјани живееле 107 Грци христијани и 48 Роми.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калјани (Kaliani) живееле 100 Грци.[5] Како чифлигарска населба, во пописот од 1913 година било забележано само со 30, а во 1920 година со 51 жител. Во 1928 година биле попишани 76, во 1940 година 109, во 1951 година 104, во 1961 година 82, а во 1971 година само 37 жители. Во пописите од 1981 и од 1991 година било забележано без жители, бидејќи се пресметани во составот на жителите од селото Клиди.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаДенес, селото претставува дел од селото Клиди. Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia