Капсохор (Берско)За други истоимени места, погледајте Капсохор.
Капсохор или Капсохора (грчки: Καψοχώρι, книжевно: Καψοχώριον, Капсохорион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Денес, селото претставува составен дел од градот Гида. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на три километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга Солун-Бер, на надморска височина од 10 метри.[1] Сместено е во областа Урумлак. Историја![]() Како и сите околни села што влегуваат во областа Урумлак, така и ова село било населено со грчко население.[1] По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. ВО 1928 година, Капсохор претставувала мешана населба со 1 бегалско семејство со вкупно 4 жители.[2] СтопанствоОсновни производи на селото биле памук, шеќерна репка, а се произведувало грав, детелина и овошје. Дел од населението се занимавал и со краварство. НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Капсохор живееле 200 Грци христијани.[1][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капсохор (Kapsohor) живееле 200 Грци.[4] Во 1913 година било забележано со 279 жители, во 1920 година со 305, во 1928 година со 337 (од нив само 5 бегалци), во 1940 година со 424 и во 1951 година со 563 жители. Во подоцнежните пописи повеќе не се споменува, бидејќи било споено со градот Гида, иако селото и понатаму продолжило да постои.[1] Самоуправа и политикаДенес, селото претставува дел од градот Гида. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia