ПископиОваа статија се однесува на берското село во областа Урумлак. За негушко село со истото грчко име Епископи, погл. Пископија.
Пископи (грчки: Επισκοπή, Епископи) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Бер и 12 километри југозападно од градот Гида, сместено во непосредна близина на главниот пат од Гида за Бер, на надморска височина од 20 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 8 квадратни километри. Сместено е во областа Урумлак. ИсторијаНеговите жители по потекло се Грци и тоа од постаро време.[2] СтопанствоПископи е прилично богато село, бидејќи се наоѓа во самото поле, почвата е многу плодна, а некои делови се наводнуваат. Населението главно произведува памук, бостан, пченица и други земјоделски производи.[2] НаселениеСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Пископи, Берска каза, живееле 150 Македонци христијани.[3] Во 1913 година, селото е забележано со 316, во 1920 година со 323, во 1928 година со 345, од кои само 9 бегалци. Во 1940 година биле попишани 504, во 1951 година 569, во 1961 година 698, во 1971 година 678, во 1981 година 684, а во 1991 година 668 жители.[2] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 535 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 462 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пископи, во кој покрај селото Пископи се наоѓа и селото Ново Скилич. Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia