Шеразмен
Шеразмен (грчки: Ξεχασμένη, Ксехасмени) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на петнаесет километри североисточно од градот Бер и на петнаесет километри југозападно од градот Гида, на надморска височина од 20 метри.[2] Сместено е во областа Урумлак. Во близина на селото поминува железничката линија Солун-Воден, на која во селото постои и железничка станица. Покрај пругата, во близина поминува и новиот автопат „Вија Егнација“, иако најблиската клучка е оддалечено неколку километри. ИсторијаНеговото население, како и на околните села од областа Урумлак, имаат грчко потекло.[2] СтопанствоБидејќи селото се наоѓа во самото поле и располага со плодни обработливи површини, кои се наводнуваат, населението добива високи приноси на памук, шеќерна репка и на други производи. Во последно време, внимание му се посветува и на краварството.[2] НаселениеСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Шеразмен (Ксеразмени), Берска каза, живееле 120 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Шеразмен Ксеразмени (Cherazmen Xerazmeni) живееле 200 Грци.[2][4] Со пописот во 1913 година биле забележани 374 жители. Во 1920 година имало 429, во 1928 година 484 жители, од кои само 7 бегалци. Во 1940 година биле попишани 698, во 1951 година 794, во 1961 година 802, во 1971 година 737, во 1981 година 766, а во 1991 година 795 жители.[2] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 700 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 544 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шеразмен, во кој покрај селото Шеразмен се наоѓа и селото Расоманик. Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia