Атанас Раздолов
Атанас Раздолов — македонски револуционер и писател. БиографијаРаздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов. Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд. За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.[1] Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година. Творештво![]() Раздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата. Пример од поезијата на Атанас РаздоловСледната поема е извадок од „Песните на востаникот“.
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia