Ефтим Клетников

Ефтим Клетников (роден во с. Негрево, 1946 год.) — македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал студиски престој во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада.

Книжевно творештво

Поезија: Модер вир, Зраци и самраци, Окото на Темниот, Песни за Огнен, Икра и крило, Гласови, Триок, Магновенија, Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Прасјај, Троја.

Поезија за деца: Кула со златно ѕвоно,Златна рипка, Море во сонот, 88 песни за месечината, Сончеви песни.

Есеи и критика: Орион, Јатка, Во потрага по целината.

Има подготвено неколку антологии на македонската поезија.

Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик.

Добитник е на повеќе книжевни награди. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya