Санде СтојчевскиСанде Стојчевски (роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско) — македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1] ЖивотописДипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ - Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ - Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и „Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Книжевно творештво
Соавтор е на петтомната едиција Македонска книжевност во книжевната критика (1973). Главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност (2008) Главен уредник на редакцијата на проектот Нобеловци (2008-2009) НаградиДобитник е на наградите:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia