Витомир Митевски
Витомир Митевски (роден на 14 октомври 1951 година во Куманово) — македонски филозоф и класичен филолог. Член на МАНУ. Образование и работен векВо родниот град завршил основно образование и гимназија, во 1975 година дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1985 година на истиот факултет дипломирал и класични студии. Постдипломски студии завршил на Филозофскиот факултет во Белград (1983) на тема „Ниче и грчката антика“, а докторската дисертација на тема „Поезијата на Прличев и Хомер“ ја одбранил во 1990 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот прв работен ангажман бил како професор по филозофија во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје (1976-1977), а потоа работел како драматург во Драмскиот театар во Скопје (1977-1980). Во 1986 година стапил на работа на Филозофскиот факултет во Скопје - при Институтот за класична филологија, прво како асистент држел вежби по старогрчки јазик (1986-1990), потоа како доцент (1990-1995), вонреден професор (1995-2000) и редовен професор држи предавања и вежби по античка литература (античка епика, филозофија и историографија) и по византиска литература, сè до пензионирањето во 2018 година. Бил секретар на Сојузот на друштвата за антички студии на Југославија (1986-1990) и претседател на Друштвото за класични студии Жива Антика (2002). Бил коорганизатор на повеќе домашни меѓународни научни собири: Научниот собир на Сојузот на друштвата за антички студии на Југославија (1989), Меѓународната конференција Antiquitas viva (Охрид, 2000), Меѓународниот научен собир Класика – Балканистика – Палеославистика (МАНУ, Скопје, 2005). Исто така, учесник е на многу научни собири во земјата и во странство. Бил основачки уредник на списанието Театарски гласник (Скопје, 1977–1980) и од 1991 година е одговорен уредник на меѓународното научно списание за класични студии Жива Антика. Остварил студиски патувања во Париз, Франција (1980 и 1986) и во Коломбо, Шри Ланка (1995). Во 2009 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Во МАНУ бил ангажиран како Секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, потоа како Раководител на Центарот за лексикографија, а од 2024 година е избран за Потпретседател на Академијата. Научна дејностВо областа на филозофијата, тој посебно се занимава со античката филозофија: претсократовци (Хераклит), Платоновото учење за душата, Душата и духовниот живот од антиката до раното средновековие, изворното значење на философското знаење. Притоа ја застапува тезата дека античкото учење за душата, посебно за „нега на душата“ е еден од клучните проблеми на философијата воопшто.Во тој контекст тој ја развива идејата за базичното влијание на античката философија низ вековите како во Византија, така и на Запад и во словенскиот свет. Во своите истражувања од областа на философската антропологија, тој ги обработува клучните проблеми на човекот како посебен феномен во живиот свет (проблемите на смртност, самотност, неизвесност во променливиот свет и сл.). Напоредно со ова тој ја проучува античката и византиската книжевност и нивното влијание врз македонската книжевност, посебно во областа на епската поезија (традиционалните епски песни за Марко Крале и поезијата на Григор Прличев). Тема на негов научен интерес е и македонската апстрактна (филозофска) терминологија во контекстот на кирилометодиевската традиција. Автор е и на препеви и преводи од старогрчки, византиски грчки и латински јазик при што се залага за поголемо присуство на изворна словенска апстрактна терминологија, особено во преводите на филозофски дела на класиците. Неговата библиографија содржи над 240 единици, меѓу кои и четириесетина книги. Библиографија
Преводи
Награди и признанија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia