Сашко Кедев
Сашко Кедев (роден 6 јули 1962, Штип) ― македонски политичар, кардиолог и доктор на медицински науки. ЖивотописЗавршил средно образование во својот роден град. Член е на ВМРО-ДПМНЕ и доктор специјалист-кардиолог. Доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, интервентен кардиолог во САД. Добро знае англиски и италијански јазик. Живее во Скопје. Од 1991 до 1993 беше специјалист на клиниката во Бетезда, САД. Од 1999 до 2003 е директор на клиниката за кардиологија. На 19 мај 2009 Сашко Кедев, се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.[1] Со тоа, тој стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот. Како високогорски планинар ги има искачено врвовите Мон Блан (заедно со алпинистот Јован Попоски - Јове и алпинистот Надир Мурсели), Матерхорн, Вајсхорн и тн. Исто така е првиот Македонец кој ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти во светот. Сашко Кедев бил кандидат за претседател на претседателските избори кои се одржале во 2004 година, кога во вториот круг бил поразен од страна на Бранко Црвенковски. Од 2002 до 2006 година тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Кедев е женет со Ганка Самоиловска, поранешен министерка за култура.[2] Високогорски планинарски искачувањаВо планинскиот масив на Хималаите досега ги има искачено следните 13 планински врвови повисоки од 8 000 m н.в.:[3]
Со ова Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врва повисоки од 8000 m н.в. во светот.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia