Глигор Чемерски
Глигор Чемерски (Кавадарци, 1940 - Скопје, 2 април 2016) — македонски сликар и вајар. Негов син е Огнен Чемерски, познат преведувач и лектор. ЖивотописТворештвоЧемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони.[1] Неговот творештво е богато: тој ги изработил мозаиците во Стопанска банка (1971) и на Споменикот на слободата во Кочани (1981).
Чемерски имал бројни самостојни изложби во Македонија и во странство. Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на творештвото на Чемерски.[2] Починал во Скопје на 2 април 2016 година.[3] Галерија на уметнички дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia