Драгослав Митриновиќ
Драгослав Митриновиќ (Смедерево, 23 јуни 1908 - Белград, 2 април 1995 ) – универзитетски професор, математичар.[1] ЖивотописМитриновиќ завршил студии по математика во 1932 година, а докторирал во 1933 на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 година работел како професор во гимназија, а во ноември истата година, од Матичната комисија на Филозофскиот факултет бил именуван за вонреден професор. Од 1951 бил вонреден, а од 1956 редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград. Тој бил основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во Македонија и автор на огромен број научни трудови и универзитетски учебници. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија за наука и уметност надвор од работниот состав.[1] ТворештвоУчебници:
Монографии:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia