Дончо Димовски
Дончо Димовски (познат и како Дончо Трајанов Димовски; р. 1 октомври 1954 во Битола) — македонски математичар и универзитетски професор од 1994 година.[1] ЖивотописДимовски е роден на 1 октомври 1954 година во Битола. Дипломирал во 1976 на Математичкиот факултет, магистрирал во 1979, а докторирал во 1983 година со темата „Неедноставно сврзани Касонови рачки“ на Универзитетот на Њујорк во Бингамтон, САД, каде што добил награда за најдобра докторска дисертација во 1983 година.[2] Научно работи во неколку области: геометриско-комбинаторна топологија, еднопараметарска теорија на фиксни точки, векторско-вредносни структури и други. Има објавено повеќе од 50 научни трудови и две монографии. Од 2001 до 2003 бил шеф на Институтот за математика. Тој е главен уредник на списанијата „Сигма“ и „Matematika macedonica“.[3][4] Библиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia