Врбица (Кочанско)За други истоимени места, погледајте Врбица.
Врбица — раселено село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 430 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 19 километри.[2] До селото води земјен пат, кој започнува од селото Соколарци, до кое води експресниот пат Штип-Кочани (А3). Селото се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини, во близина на границата на Кочанската Котлина кон сливот на Злетовска Река. Во минатото, во селото имало три чешми со доволно питка вода: Горна, Средна и Долна.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голак, Чалдар, Илица, брестак, Средни Рид, Буна Ливада, Шипок, Змијарник, Страга, Куцулица, Растово, Голема Нива, Прчево, Бочва и Падина.[3] Селото има збиен тип, поделено на две маала: во југозападниот дел на селото е Влашко Маало, а во североисточниот дел „Бугарско“ Маало. Во првото живееле Власи, а во второто Македонци.[3] ИсторијаДо 1875 година, селото било македонско, кога се населиле две влашки домаќинства од планината Грамос. Од нив се намножиле останатите влашки родови.[3] Власите пред да дојдат во Врбица биле сточарски номади: летото со овците го поминувале на Осогово (на местото Лопен и Пониква), додека зиме живееле во околината на Солун. Бидејќи ова им било тешко, основачите на денешните родови Михаил и Штерјо одлучиле во Врбица да купат куќи нешто земја.[3] Бидејќи Врбица се наоѓа во подножјето на Осогово, Власите и по населувањето во летниот период биле на Осогово. Така било до 1948 година.[3] Во Влашкото Маало има црквиште, каде се познавале ѕидови до 1 метар во 1960 година, додека во маалото со македонско население има камен крст.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 11,5 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 650,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 479,3 хектари, додека на шумите само 20,8 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2] За време на отоманскиот период, Турците ја поседувале земјата. Како последни чифликсајбии биле Зенул-бег, Аџи Амди-бег, Рушит-ефенди, Мустафа и уште некои други. Сите живееле во Кочани. Во втората половина на XIX век, на чифлиците работеле 10 македонски домаќинства.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врбица живееле 100 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбица имало 1.042 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Власи.[6] Селото е мало, на пат целосно да се расели. Во 1961 година, селото броело 213 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 19 жители, од кои 13 биле Македонци, а шест жители Власи.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 12 жители, од кои 10 Македонци и 2 Власи.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Врбица:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиВрбица е македонско-влашко село. Сите родови потекнуваат од предци кои се доселени во селото.[3] Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
ИселеништвоПред 1912 година, од Врбица некои Македонци се иселиле во Кочани и во Облешево (Врбичани, 1 к.). Има иселеници и во соседниот слив на Злетовска Река: селата Пишица и Жиганци.[3] Во Врбица порано имало и православни Роми, кои се иселиле во низинското село Долни Подлог (Саздови, 2 к. и Стојанкини, 1 к.).[3] Од влашкиот род Брова едно домаќинство заминало во Романија во 1938 година.[3] Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Врбица било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Врбица, се наоѓале и селата Жиганци, Лепопелци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0879 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште во селото Соколарци.[8] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 707 гласачи.[10] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia