Облешево
Облешево — село и административно седиште на Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во средишниот дел на Кочанското Поле, на патот Кочани-Штип, сместено во источниот дел на Општина Чешиново-Облешево, чие седиште е во самото село.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 8 километри.[2] Низ селото поминува патот Кочани-Штип, кој сега е заменет со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3.[2] Облешево е големо село во средишниот дел на Кочанското Поле, низ кое минува патот Кочани-Штип, а во непосредна близина и железничката пруга Велес-Кочани со посебно сопствено железничко стојалиште. Поради местоположбата и поволните стопански прилики, Облешево станало локален стопански центар со пазарен ден (вторник). Од 1955 до 1962 година претставувало седиште на општинскиот одбор за околните 16 села.[3] Селото повторно било административно седиште на сопствена истоимена општина во периодот 1996-2004 година, а во периодот по 2004 година е административно седиште на новата Општина Чешиново-Облешево. Во минатото, мештаните имале проблем со питката вода: вода пиеле од неколку бунари и од Кочанска Река, која течела низ селото. Во 1936 година, државните власти поставиле една пумпа, а во 1955 година уште четири пумпи. Со нивна помош сега се добива многу добра питка вода.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Џелиница, Лозје, Прогон, Стара Река, Гладно Поле, Еѓупка, Црна Земја, Бел Камен, Подлашки Пат, Ѓерен, Стари Оризи, Машков Ѓол, Завој и Бањски Пат.[3] Селото има збиен тип, чии поединечни делови носат називи како Партал, Кратовско, Аџиско, Соколарско, Шабанско или Шопско и Корнетско Маало. Во првото маало живеат Роми, додека Аџиско и Шабанско се наречени по поранешните мештани (Турци). Во Кратовско Маало, на времето кратовски бег имал чифлиг, додека во Корнетско Маало чифлиг имал некој Влав Корнети од Кочани.[3] ИсторијаНа месноста Бањски Пат при ископување на каналот во 1954 година биле пронајдени праисториски гробови во кои имало прстени, обетки и гривни. Гробовите биле свртени во разни насоки.[3] Кога било создадено денешното село не се знае. За ова не постои народна традиција, ниту некакви остатоци од старини. Во XIX век, селото било мешано турско-македонско село. Турците се населиле кон крајот на XVIII век и во првата половина на XIX век, додека Македонците дошле подоцна: доаѓале како слуги кај Турците или како чифлигари на земјата на чифлизите.[3] При ослободувањето од Турците, селото имало 45 турски, 13 македонски и 1 ромско домаќинство.[3] Турците од селото се иселиле околу 1925 година. Дел од турските родови биле Чачаризови, Омерови, Јусуфови, Алијатови, Кадри-оџини и други. Во селото имало џамија на сретсело, која била срушена во 1912 година.[3] По Првата светска војна, селото забележува брз пораст. На местото на иселените Турци дошле нови доселеници (најчесто Македонци). Помалку доселеници дошле и по Втората светска војна. Еден дел од мештаните дошле како колонисти.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 6,3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште, па затоа селото има полјоделска функција.[2] Во него има ветеринарна станица, лупилница за ориз, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[2] Пред крајот на отоманскиот период во селото имало пет чифлици, чии сопственици живееле во Кочани, наречени Аџи Амди Риза, Сафет-бег, Шаќир-ефенди и Бајрам-бег.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Облешево живееле 350 жители, од кои 175 Македонци и 175 Турци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Облешево имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6] Облешево е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 1.011 жители, од кои 982 биле Македонци, 10 Срби, двајца Албанци и 17 жители останати. Во 1994 година, бројот се зголемил на 1.206 жители, а селото било населено исклучиво со македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 1.131 жител, од кои 1.129 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 887 жители, од кои 832 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 51 лице без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОблешево е македонско село, но во минатото имало и други народности. Сите жители потекнуваат од доселеници.[3] Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
ИселеништвоОколу 1903 година од турските зулуми од Облешево во Кочани се иселиле 6-7 македонски домаќинства. Некои од нив припаѓале на родот Барјактарци. Други македонски иселеници од Облешево има во околните села: Долни Подлог (Димишковци, 3 к., Јаќимовци, 3 к.), Горни Подлог (Маријини, 3 к.) и Теранци.[3] Во 1925 година селото го напуштиле турските родови, додека за време на бугарската окупација во 1941 година, Облешево го напуштиле 8 српски колонистички семејства.[3] Општествени установи
Самоуправа и политика![]() На крајот од XIX век, Облешево било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Облешево. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Облешево, во која покрај селото Облешево се наоѓале селата Бања, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци, Спанчево, Тркање и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Облешево, во која влегувале селата Бања, Облешево, Спанчево и Чифлик. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0882 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 923 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 922 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спортГалерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia