Кучичино
Кучичино — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од левата страна на реката Брегалница, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 16 километри.[2] Низ селото поминува регионалниот пат 2334, кој е поврзан со регионалниот пат Кочани-Штип.[2] Кучичино е изразено потпланинско село, сместено во подножјето на планината Плачковица, помеѓу Бурилчево на запад и Теранци на исток. Мештаните на Кучичино го користат пониското земјите на север за земјоделство и падините на Плачковица на југ за сточарство. Сепак, во селото има оскудност за питка вода, која во минатото се добивала само од една пумпа. Нема извори ни на планинските падини.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Средни Пат, Чивлачки Пат, Пороиште, Синор, Лака, Долно Поле, Под Ридинки, Стари Лозја, Богуновец, Манастир, Средни Рид, Волџаница, Голема Чука, Влаишта, Ролова Нива, Црногор, Мало Осоје, Говедарица, Граиште, Големо Осоје и Јованковец.[3] Селото има збиен тип, издолжено во насока југ-север и е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно. Во секое маало има родовски групи на куќи.[3] ИсторијаКучичино се смета за старо село во Кочанското Поле. Во него постојат и поголем број на староседелски родови. Меѓутоа, во тоа село во 1780-тите години владеела чума и од болеста преживеале само 4 домаќинства. Од нив потекнуваат денешните родови.[3] Околу 1900 година, во селото имало 40 македонски домаќинства. Сите денешни жители потекнуваат од нив.[3] На месноста Манастир над селото нема никакви остатоци од старини. Селото до 1960-тите години немало сопствена црква и за празници ја поседувале црквата „Св. Богородица“ во соседното Бурилчево.[3] Стопанство![]() Атарот на селото зафаќа простор од 10,2 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 509 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 422 хектари, додека на шумите само 5 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него имало фабрички погон, земјоделска задруга и други услужни објекти.[2] Пред крајот на отоманскиот период, во селото имало мал чифлиг со 20 хектари земја. Негов сопственик бил некој Турчин од Скопје. Останатата земја на атарот отсекогаш била на мештаните.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кучичино живееле 350 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучичино имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6] Кучичино е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 759 жители, а во 1994 година 610 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 546 жители, од кои 544 Македонци и 2 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 311 Македонци и 8 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКучичино е македонско православно село.[3] Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
ИселеништвоСе знае за следниве иселени родови: родот Кучичанци (1 к.) се иселил во соседното Чешиново, а родот Каменарци (5 к.), се иселиле во соседното Бурилчево. Во периодот пред 1960 година се иселиле шест домаќинства: во Теранци (1 к.), во Штип (1 к., од родот Мрзанци) и во штипските села Доброшани (3 к., од родот Перкови) и Радање (1 к., од родот Дочеви).[3] Во поново време е забележано значителен пад на населението во селото. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Кучичино било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Облешево. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Кучичино, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0881 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 360 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 361 гласач.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia