Чифлик (Кочанско)За други истоимени места, погледајте Чифлик (појаснување).
Чифлик — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во средишниот дел на Кочанското Поле, сместено во Општина Чешиново-Облешево, недалеку од патот Кочани-Штип.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 295 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 13 километри.[2] До селото поминува патот Кочани-Штип, кој сега е заменет со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3.[2] Селото се наоѓа десно од реката Брегалница, а во близина се наоѓаат селата Облешево на североисток и Чешиново на запад. Во минатото се споменувало и како Полски Пашаџик. Во 1921 и 1926 година, Брегалница го поплавила селото. Водата за пиење во минатото се добивала од бунари.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мраморица, Стара Река, Пералиште, Долно Поле, Прстен, Гладни Рид, Оризиште, Шамак, Млешки, Средно Поле и Ѓурлук.[3] Селото има збиен тип, чии поединечни групи на куќи се наречени по поголемите родови како Ќеримци, Пачаризи, Табаци и други.[3] ИсторијаНародната традиција пренесува дека на местото на денешното село постоело село уште пред доаѓањето на Турците. Во тоа село имало манастир, но со доаѓањето на Турците тие ги убиле поповите и го срушиле селото. По ова, земјата била во посед на некој паша.[3] Први жители кои дошле на пашината земја и кои го основале денешното село биле предците на македонските родови Ќеримци, Пачаризи и Табаци, кои дошле од пустото селиште Буќевци, во подножјето на Плачковица. Ова ново село Турците го нарекле Пашаџик или Полски Пашаџик за разликување од Пашаџиково на Осоговските Планини. По Првата светска војна, селото било водено како Полски Пашаџик, а потоа како Оливерово. Меѓутоа, Македонците од селото секогаш го нарекувале Чифлик.[3] Во 1912 година, во селото имало околу 30 македонски домаќинства.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 5,7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 435 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[2] Во него услужни објекти.[2] Во отоманскиот период во селото имало осум чифлици, чии сопственици биле: пет од Кочани (Омер-ефенди, Кара Омер, Барјактар Омер, Суљеман Арнаут и Македонецот Ципур), двајца од Штип (Каракач Мемет и Евреинот Јауди Бор) и еден од Скопје (Ибраим-ефенди). Оваа земја била купена од мештаните по Балканските војни и по Првата светска војна.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чифлик (Пашаџик Полски) живееле 220 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чифлик имало 304 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6] Селото е средно по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 623, а во 1994 година 706 жители.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 667 жители, од кои 666 Македонци и 1 Србин.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 545 жители, од кои 511 Македонци и 34 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЧифлик е македонско село. Сите жители потекнуваат од доселеници.[3] Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
ИселеништвоВо поново време е забележано значително иселување од селото. Општествени установи
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Чифлик било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Облешево. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Облешево, во која покрај селото Чифлик се наоѓале селата Бања, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци, Облешево, Спанчево и Тркање. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Облешево, во која влегувале селата Бања, Облешево, Спанчево и Чифлик. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0885 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 537 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 539 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Култура и спортПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia