Ново В’дришта
Ново В’дришта (грчки: Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.983 жители (2011). Иако е новосоздадена, ова сепак е етнички мешана населба поради доведувањето на македонско население од повисоките села.[2] ГеографијаСелото се наоѓа во Солунското Поле на 7 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). ИсторијаОсновано е во 1924 г.[3] од Грци преселени од Турција, претежно од источнотракиското село Ќурумџе[4] и нешто од Мала Азија.[3] Во 1928 г. е попишано заедно со В’дришта, со вкупно 1.098 жители, а како одделна населба почнува да се води во 1940 г. кога се заведени 995 лица.[3] Во 1951 г. во Ново В’дришта се попишани 1.119 жители, накачувајќи се на 1.240 во 1961, за во 1971 г. да се смали на 1.116 лица. Доведување на македонско населениеВо 1970-тите етничката слика на селото се променила, кога властите решиле речиси насила да ги иселат планинските Корнишор и Радомир, и да го доведат нивното македонско население во Ново В’дришта за негово полесно контролирање и асимилација.[2] Со вселувањето на донесените Македонци во новоизградените домови од државата, населението на селото се зголемило. Така, во 1981 г. населението се накачило на 1.771, во 1991 г. на 2.071,[3] достигнувајќи 2.605 жители во 2001 г., па намалувајќи се на 1.983 жители во 2011 г. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото важи за прилично богато поради високите приноси на овошје, жито, памук и бостан и други култури, а развиено е и краварството.[3] Се одгледуваат и овци и кози, кои жителите дојдени од Корнишор и Радомир ги напасуваат во атарите на нивните стари села.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia