К’шлар
К’шлар или К’салар (грчки: Αχλαδοχώρι, Ахладохори; до 1926 г. Κιοσαλάρ, Ќосалар или Κισσαλάρ; Кисалар[2], до 1955 г. Μανδαραί, Мандаре[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 404 жители (2011). ГеографијаСелото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак. Се наоѓа на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.[4][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица.[6] Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села.[6] На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).[7] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.[8] Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.[6] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото е полупланинско и релативно пасивно. Главни производи се житото, тутунот, сусамот, детелината и др. Делумно е застапено и сточарството.[6] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia