Драменџик
Драменџик (грчки: Δρακόντιο, Дракондио; до 1927 г. Δραμεντζίκ, Драменѕик[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Населението брои 217 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено со Турци.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во источниот дел на Лагадинското Поле, во западното подножје на Богданска Планина и лежи на Стара Река (Στάρα ριέκα). Оддалечено е на 10 км југоисточно од Лагадина и на 4 км северно од Лагадинското Езеро. ИсторијаДраменџик било село во Лагадинската каза населено со Турци. Селото настрадало во Балканските војни, па затоа во 1913 г. се води како напуштена населба. Вo 1920 г. имало 21 жител, сите од машки пол, што укажува на тоа дека се работи за работници на велепоседнички имот.[3] Селото било преземено од државата и во него се доселени грчки колонисти. Во 1928 г. селото веќе имало 133 лица (36 семејства), сите грчки дојденци.[4] Во 1940 г. населението се покачило на 301 лице, но подоцна почнало постешено да опаѓа.[3] Населението се занимава со производство на тутун, пченица и други земјоделски култури.[3] Културни и природни знаменитостиНаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia