Хламур
Хламур (грчки: Φλαμούρι, Фламури) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот округ, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало високо на средиштето на Богданска Планина, на 5 км северно од селото Сухо. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Хламур било големо турско село во Лагадинската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хламур (Hlamour) било село со 300 домаќинства на 760 жители муслимани.[1] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хламур живееле 1.600 Турци.[2] Во ГрцијаПо Втората балканска војна селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Хламур е претставен како чисто дојденско село со 303 жители (100 семејства).[3] Селото е напуштено во 1961 г. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia