Ексамили
Ексамили (грчки: Εξαμίλι, Ексамили) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 194 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри северно од градот Лагадина и на 7 килиметри северно од Гвоздово (Асирос). Селото се наоѓа на надморска височина од 253 метри. ИсторијаЦрквата во селото е посветена на Свети Ѓорѓи[2]. Селото било основано од грчки бегалци, раселени од Источна Тракија по 1922 година по поразот на Грција во Грчко-турската војна. Во 1928 година Ексамилион (Εξαμύλιον) е претставено како чисто бегалско село со 56 бегалски семејства со 229 жители бегалци[3]. НаселениеНа пописот од 1940 година, селото броело 306 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 340 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 220 жители, во 1971 година имало 192 жители, во 1981 година имало 190 жители, додека во 1991 година имало 204 жители[4]. Денеска, населението на селото е 217 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia