Лагиново
Лагиново или Лајна (грчки: Λαγυνά, Лагина, до 1949 Λαϊνά, Лајна)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Лагадина во Лагадинското Поле, на излезот од превојот Дервент. Селото се наоѓа на надморска височина од 98 метри. ИсторијаВо XIX век Лагиново е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 100 семејства со 615 жители Грци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 675 Грци и работеле две грчки училишта[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia