Караџаќој (Лагадинско)
Караџаќој (грчки: Καρτερές, Картерес; до 1927 г. Караџаќој[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 156 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри северно од градот Лагадина на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 665 метри. ИсторијаВо XIX век Караџаќој е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Турци[3][4]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 908 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 817 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Картерес.[6] НаселениеВо 1928 година селото броело 273 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 421 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 243 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 335 жители, во 1971 година имало 271 жител, во 1981 година имало 248 жители, додека во 1991 година имало 207 жители[8]. Денеска, населението на селото е 261 жител според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia