Берово (Лагадинско)
Берово (грчки: Βερτίσκος, Вертискос; до 1927 г. Μπέροβα, Берова[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 252 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 749 метри. ИсторијаСелото е споменато за првпат во отомански документи од 1697 година како целосно христијанско село со 67 домаќинства[3]. Во XIX век Берово е грчко село во Лагадинската каза опкружено со турски, македонски и гркомански села. Црквата „Св. Ѓорѓи“ била изградена во околу 1830 година, а во неа има икони од почетокот на XVII век. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1100 жители Грци.[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 890 Грци, и во селото работело грчко училиште[5]. Во текот на Втората балканска војна, во селото влегле бугарски војски. На пописот од 1913 година биле евидентирани 735 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1053 жители. НаселениеВо 1928 година селото броело 1438 жители, додека во 1940 година селото броело 1606 жители[6]. Селото во пописот од 1951 година броело 790 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 953 жители, во 1971 година имало 308 жители, во 1981 година имало 240 жители, додека во 1991 година имало 470 жители[7]. Денеска, населението на селото е 389 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia