Отманли Маала
Отманли Маала (грчки: Μαυρορράχη, Маврорахи; до 1927 г. Οτμανλή Μαχαλάδες Отманли Махаладес[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри. ИсторијаВо XIX век Отманли Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Турци[3]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврорахи.[5]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia