Ајвалакдере
Ајвалакдере (грчки: Κυδωνιά, Кидонија, до 1928 г. Αϊβαλίκ Δερέ Μαχαλάδες, Ајвалакдере Махаладес[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 507 метри. ИсторијаВо XIX век Ајвалакдере е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 750 жители Турци[3][4]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 624 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 79 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Кидонија.[6] НаселениеВо 1928 година селото броело 150 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 195 жители. Селото во пописот од 1951 година било евидентирано како напуштена населба, на пописот од 1961 година, во селото живееле 115 жители, во 1971 година имало 5 жители, во 1981 година имало 31 жител, додека во 1991 година имало 80 жители[8]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia