Кара Омерли
Кара Омерли или Кара Марли (грчки: Λοφίσκος, Лофискос; до 1927 г. Καρά Ομερλή, Кара Омерли)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 194 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 386 метри. ИсторијаВо XIX век Кара Омерли е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото Кара Марли имало 500 жители Турци[3][4]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 645 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 208 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Крионерион.[6] НаселениеВо 1928 година селото броело 310 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 400 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 482 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 515 жители, во 1971 година имало 340 жители, во 1981 година имало 292 жители, додека во 1991 година имало 326 жители[8]. Денеска, населението на селото е 399 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia