Кеплер-1625
Кеплер-1625 — ѕвезда налика на Сонцето со привидна величина од 14, со местоположба во соѕвездието Лебед приближно на растојание од 8.000 светлосни години. Полупречникот е за нешто помалку од 80% поголем од полупречникот на Сонцето и има маса за 8% поголема од онаа на Сонцето. Во 2016 година, беше забележано дека во орбита околу ѕвездата има вонсончева планета, Кеплер-1625b, која пак е гасовит џин во орбита во животопогодниот појас. Во 2018 година, беше објавено дека вонсончевата планета можно е да има во орбита вонсончева месечина.[6] Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл исто така ја потврдиле можноста за постоење на вонсончева месечина, иако неодамнешните истражувања во 2019 година наведуваат дека е можно да не постои вонсончева месечина.[7] Ѕвездени одликиКеплер-1625 е голема ѕвезда слична на Сонцето. нејзиниот полупречник е 1,79 пати од оној на Сонцето и има маса 1,079 од Сончевата.[3] нејзината температура е околу 5.548 K, малку пониска од онаа на Сонцето.[3] Овие одлики укажуваат дека Кеплер-1625 можно е да е жолт подџин кој се ближи на крајот од својот полуживот. Кеплер-1625 има висока металичност од +0.12 dex (споредбено со 0.00 за сонцето) ие на растојание од околу 8.000 светлосни години[1] во соѕвездието Лебед.[3] Постои и втор модел за големината на Кеплер-1625, со кој ѕвездата е со полупречник од околу 0,94 сончеви полупречници и маса за 0,96 од сончевата како и температура од 5.677 K и металичност слична на Сонцето.[2] Планетарен систем
За ѕвездата се знае дека има потврдена една планета, со ознака Кеплер-1625b, таа е планета малку поголема од Јупитер во орбита околу матичната ѕвезда со орбитален период од 287,3 денови. Сепак, ако помалата големина за ѕвездата е точна, тогаш Кеплер-1625b е гасовит џин со полупречник од 6 Земјини полупречници во орбита на животопогодниот појас.[3] Можност за постоење на вонсончева месечинаСветлинските кривина трите набљудувани премини укажуваат на постоење на вонсончева месечина со големина на Нептун во орбита на Кеплер-1625b, на растојание од 20 пати од планетарниот полупречник. Потребни се повече набљудувања за да се потврди или отфрли постоењето на месечината. Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл на премините на Кеплер-1625b од 2017 до 2018 година и дополнително добиените светлински криви укажуваат на постоењето на вонсончева месечина, што дополнително ја зацврстува идејата за постоење на вонсончева месечина во орбита околу Кеплер-1625b.[6][8] неодамнешно разгледување на набљудувањата на Хабл во 2019 година, укажуваат дека дополнителната светлинска крива е остаток од обработката на податоците.[7]
ПоврзаноНаводи
Координати: |
Portal di Ensiklopedia Dunia