HAT-P-17 — портокалово џуџе на растојание од 92,6 парсеци или 302 светлсони години од Земјата. Има маса од околу 0.857 ± 0.039 M☉. И во нејзина орбита има две планети, HAT-P-17b и HAT-P-17c, и двете забележани во 2012 година.[4] Потрагата по ѕвезда сопатник користејќи ја адаптивната оптика при опсерваторијата ММТ била негативна.[8] Кандидат придружник беше забележан со спектроскопска потрага во високоразделното К-подрачје на инфрацрвениот спектар снимен од Кековата опсерваторија.[9]
Планетарен систем
Во 2012 година забележан е повеќепланетарен систем кој се состои од две планети во премин врел Сатурн во занесена орбита и шпланета налик на Јупитер во надворешната орбита. Планаетата во премин HAT-P-17b е забележана од страна на проектот HATNet користејќи телескопи од Хаваи, Аризона и од Вајзовата опсерваторија во Израел. Била потврдена со мерењата на радијалната брзина при Кековата опсерваторија што исто така довело и до откривање на втората планета во многу подалечна орбита.[4] Во 2013 година мерењата на радијалната брзина на Роситер-Меклафлиновиот ефект покажале дека аголот меѓу оската на вртење на ѕвездата и орбитата на планетата b е приближно 19°.[6]
↑Høg, E.; и др. (2000). „The Tycho-2 catalogue of the 2.5 million brightest stars“. Astronomy and Astrophysics. 355: L27–L30. Bibcode:2000A&A...355L..27H.