Кеплер-6 — жолт џин сместен во соѕвездието Лебед. Ѕвездата се наоѓа во видното поле на мисијата Кеплер, која го забележала и е дел од мисијата на НАСА за откривање на земјовидни планети. Ѕвездата, која е малку поголема, и пометалична, малку поладна и помасивна од Сонцето, во орбитата има најмалку една вонсончева планета, планета налик на Јупитер именувана како Кеплер-6b која е во блиска орбита на ѕвездата.
Номенклатура и историја
Кеплер-6 е именуван според мисијата Кеплер, проект на НАСА лансиран во 2009 година кој цели на откривање на земјовидни планети кои минуваат, пред нивната ѕвезда гледано од Земјата.[3] За разлика од ѕвездите како Сонцето или Сириус, Кеплер-6 нема вообичаено име. Откривањето на Кеплер-6b беше објавено на 4 јануари 2010 година[4] при состанокот на Американското астрономско друштво заедно со забележаните планети околу Кеплер-4, Кеплер-5, Кеплер-7 и Кепелр-8.[5] Станува збор за третата планета откриена од страна на вселенското летало Кеплер, односно е дел од првите три планетии потврдени од податоците добиени од самата мисија. Овие три планети биле искористени за тестирање на прецизноста на Кеплеровите мерења.[6]
Кепелр-6 е ѕвезда која е приближно 1,209 Msun, или 5/4 од масата на Сонцето. Исто така е поширока од Сонцето, со полупречник од 1,391 Rsun, или 7/5 од оној на Сонцето. Ѕвездата е приближно со старост од 3,8 милијарди години, и има делотворна температура од 5.647 K.[8] За споредба, Сонцето има малку повисока температура од 5.778 K.[9] Кеплер-6 има металичност од [Fe/H] = +0.34, што го прави 2,2 пати пометалична од Сонцето.[6] Во просек, ѕвездите богати со метали тежнеат да имаат планети и планетарни системи.[10]
Ѕвездата, гледана од Земјата, има привидна величина од 13,8.[6] не може да се забележи со човековото око. За споредба, привидната величина на Плутон при најголема сјајност е за малку посјајна, при 13,65.[11]
Планетарен систем
Слика на која се прикажани релативните големини на првите пет планети откриени од страна на Кеплер. Кеплер-6b е четврта по големина, и е означена со зелено.
Кеплер-6 има една потврдена вонсончева планета, станува збор за гасовит џин наречен Кеплер-6b.[6] Планетата е приближно со маса од 0,669 MJ, или 2/3 од масата на Јупитер. Исто така е малку подифузна од Јупитер, полупречник од 1,323 RJ. Кеплер-6b орбитира на просечно растојание од 0,0456 ае од матичната ѕвезда, и за период од 3,234 денови прави една орбита. Занесувањето на орбитата на планетата сезема да биде 0, што пак значи дека орбитата е кружна.[8]