Кеплер-5 — ѕвезда сместена во соѕвездиетоЛебед во полето на набљудување на Кеплер, и проект на НАСА насочен за пронаоѓање на планети во премин, или планети кои минуваат пред, сопствените ѕвезди гледани од Земјата. Една блискуорбитна планета, од Јупитеров тип, именувана како Кеплер-5b, е забележана околу Крплер-5. Планетата околу Кеплер-5's е една од првите пет планети откриена од вселенското летало Кеплер, нејзиното откривање било објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво откако била потврдена од бројни опсерватории ширум светот. Кеплер-5 е поголема и помасивна од Сонцето, но има слична металичност, голем фактор при создавањето на планетите.
Номенклатура и историја
Направени се три откритија пред мисијата Кеплер, кои биле во видното поле на самата мсијаи, и им биле доделени ознаките Кеплер 1, Кеплер 2 и Кеплер 3. Кеплер-5 е всушност втора забележана ѕвезда со планети во текот на мисијата Кеплер, мисија на НАСА која е со цел да се откријат земјовидни планети кои минуваат, пред, нивната ѕвезда во однос на Земјата.[4] Планетата околу ѕвездата, Кеплер-5b, била втората од петте планети, чие откритие било јавно објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво во Вашингтон, заедно со планетите околу Кеплер-4, Кеплер-6, Кеплер-7 и Кеплер-8.[5]
Кеплер-5 е ѕвезда налик на Сонцето со маса од 1,374 (± 0,056) Msun и полупречник од 1,793 (± 0,053) Rsun, или е 137% од масата на Сонцето и 179% од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата има металичност на [Fe/H] 0,04 (± 0,06), што ја прави по металичноста да биде налик на Сонцето,[8] со што се зголемува можноста ѕвездата да поседува планети во орбита околу самата ѕвезда.[9] Кеплер-5 има делотворна температура од 6.297 (± 60) K, што е поголема температура од онаа на Сонцето од 5.778 K.[10] Кеплер-5 има светлосна величина од 13,4, и не може да се види со голо око.[11]
Придружни ѕвезди
Неодамнешен каталог на ѕвезди придружници на Кеплерови ѕвезди определени преку високоразделна фотографија покажале два придружници на Кеплер-5 на растојание од 0,9 и 3,5 лачни секунди.[12] Дали овие ѕвезди се физички сврзани со Кеплер-5 или се случајни подредувања е непознато но неодамнешните изучувања укажуваат дека 60 до 80% од придружниците во 1 лачна секунда на Кеплеровите ѕвезди се вистински двојни ѕвезди.[13]
Планетарен систем
Слика на која се прикажани релативните големини на првите пет планети откриени од страна на Кеплер. Кеплер-5b е втората по големина, и е означена со сино.
Кеплер-5b е со маса од 2,111 MJ и полупречик од 1,426 RJ. Следствено е со маса двапати од масата на Јупитер, и нешто помалку од три половини од Јупитеровиот полупречник. Кеплер-5b завршува една орбита на секои 3,5485 денови, наоѓајќи се приближно на 0,0538 ае од Кеплер-5. Ова значи дека станува збор за жежок Јупитер, или пак гасовит џин во блиска орбита околу ѕвездата.[14] За споредба, Меркур кружи околу Сонцето на растојание од 0,3871 ае на секои 87,97 денови.[15] За планетарното занесување се претпотавува дека е 0, што значи дека станува збор за кружна орбита.[11]
↑ 3,03,1Bailer-Jones, C. A. L.; и др. (2018). „Estimating distances from parallaxes IV: Distances to 1.33 billion stars in Gaia Data Release 2“. Aj. 158 (2): 58. arXiv:1804.10121. doi:10.3847/1538-3881/aacb21. For the vast majority of stars in the second Gaia data release, reliable distances cannot be obtained by inverting the parallax.Note: see VizieR catalogue [1]Архивирано на 1 септември 2020 г.