Кеплер-68 — ѕвезда налик на Сонцето на главната низа. Засега се забележани три планети во нејзина орбита. Најдворешната планета има маса слична на Јупитер но е во орбита на животопогодниот појас.[5]
Високоразделните набљудувања на Кеплер-68 изведени со инструментот Астралукс на 2,.2m телекоп при опсерваторијата Калар Алто забележале широк кандидат придружник приближно на растојание од 11 лачни секунди. Споредувајќи ги овие набљудувања со оние на 2MASS се покажало дека сопственото движење е соодветно за тело гравитациски сврзано со системот Кеплер-68, но потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди овој заклучок.[6]
Планетарен систем
Моментално, забележани се три планети во орбита околу Кеплер-68. Двете внатрешни планети се забележани со методот на премин. Дополнителните Доплерови мерења помогнале да се определи масата на Кеплер-68b и помогнале да се забележи Кеплер-68d.[7]