Кеплер-35 — двојна ѕвезда во соѕвездиетоЛебед. Овие ѕвезди, наречени Кеплер-35A и Кеплер-35B имаат маси 89% и 81% од сончевата маса, со што и двете ѕвезди се спектрален тип G. тие се на меѓусебно растојание од 0,176 ае, и прават елиптична орбита околу заедничкото тежиште на секои 20,73 денови.[3]
Планетарен систем
Кеплер-35b е гасовит џин во орбита на двете ѕвезди во системот Кеплер-35. Планетата е со маса 1/8 од масата на Јупитер и има полупречник од 0,728 Јупитерови полупречници. Планетата прави елиптична орбита на секои 131,458 денови со голема полуоска од 0,6 ае, растојание 3,5 пати од големата полуоска меѓу матичните ѕвезди. Близината и занесувањето на двојните ѕвезди како и сличните маси меѓу нив доведуваат планетата да има орбита, која значително отстапува од Кеплерова орбит.[4] Изучувањата укажуваат дека оваа планета морала да биде создаден далеку од моменталната орбита и со текот на времето мигрирала во моменталната орбита.[5]
↑How not to build Tatooine: the difficulty of in situ formation of circumbinary planets Kepler 16b, Kepler 34b and Kepler 35b July 20, 2012 PAARDEKOOPER S.-J., LEINHARDT Z., THEBAULT Ph. & BARUTEAU C. ApJ. Letters, 754, L16