Георги Јотов, наречен Гоно, познат како Гонос Јотас или Јоргос Јотас (грчки: Γκόνος Γιώτας, Γιώργος Γιώτας) — македонски гркоман и андартски капетан, учесник во грчката Борба за Македонија.
Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда, Јотов застанал на чело на една андартска чета во реонот на Ениџевардарското Езеро. Гоно како месен жител ги координирал дејствијата на подоцна пристигнатите андартски чети под команда на Аграс (Телос Агапинос), Никифорос (Јоанис Деместихас) и Акритас (Константинос Мазаракис).
Овие чети биле првенствено составени од Грци и тие не ги познавале месните услови во Македонија ниту пак јазикот на Македонците.
Во март 1905 година Гоно со својата чета се сместил во колибите Чекрии, Али и Лака и заедно со штотуку пристигнатата андартска чета на капетан Аграс ги нападнал егзархиските села во областа Сланица — Света Марина (Агија Марина), Јанчишта (Агиос Георгиос), Агоре, Голо Село (Акролимни), Луковица (Палеа Ликојани), Бозец (Атира).
Плоштадот „Гоно Јотов“ во Ениџе Вардар, каде што се наоѓа неговиот споменик
На 14 ноември 1906 година четите на Гоно и капетан Аграс ја нападнале базата на Апостол Петков кај селото Жервохор (Палео Зервохори), но според Христо Силјанов тие биле одбиени и имале девет убиени и неколку ранети души, а меѓу нив бил и самиот Аргас [4] Грчки извори тврдат, дека андартите постигнале голема победа.[5] .