Лисиче (населба во Скопје)
Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје. Географија и местоположбаЛисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври. ИсторијаЛисиче почнало да биде градено како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Бидејќи населбата била градена во атарот на Горно Лисиче, населбата го добила името Лисиче. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат. СтопанствоДемографијаОпштествени установиНа територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa[1] и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.[2] Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли[3]. Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат. Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.[4] Администрација и политикаИзбирачко место
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.774 жители, каде 66% од гласовите освоила Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 9% Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и 14% партијата Левица.[7] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичности
Култура и спортИселеништвоГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia