Шуто Оризари
![]() Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми. ИсторијаКон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство. НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[2][3] На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[4] На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[2][5] Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме. Според пописот од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[6]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia